
Приказната за Оптика Zeiss датира уште од далечната 1974 година. Тоа е семејна компанија која постои повеќе од 50 години и е пионир во продажба на сончани наочари во нашата земја и промовирање на светски познатите брендови и модните трендови. Основната дејност на компанијата е продажба на очила за сонце, диоптерски рамки, контактни леќи и течности, како и изработка и монтажа на диоптерски стакла со најсовремена технологија и сервисирање на истите. Почнувајќи со рачна машина, преку полуавтоматска, денес во нашата оптика се користи комплетно компјутеризиран процес на изработка и монтажа на диоптерски и сончани стакла.

Благодарение на својата врвна понуда и професионална услуга, Оптика Zeiss им нуди на своите купувачи светски познати брендови на сончани наочари и диоптерски рамки. Нудиме и диоптерски стакла од најексклузивните – Zeiss, Essilor, Hoya – до поекономични, но квалитетни линии како LTL, Gross, Mirada и многу други. Во изборот на рамки внимаваме да има понуда достапна за секого: од економични линии со попристапни цени, до луксузни и уникатни модели за најпребирливите.
Сите брендови →
Нашата оптика стана симбол на доверливост и препознатливост, каде генерации семејства наоѓаат совршени очила и добиваат индивидуален пристап. Долгогодишното искуство на нашиот тим и квалитетот на производите им овозможуваат на купувачите незаборавно и уникатно шопинг искуство. Низ сите промени и предизвици, Оптика Zeiss остана симбол за квалитет, синоним за традиција и непоколеблива посветеност на грижата за очите – повеќе од бизнис, семеен труд на љубов и приказна која трае пет децении.
Нашиот тим ќе ви помогне да ја изберете вистинската рамка и стакла. Прегледи, изработка и сервис на диоптерски очила.